Свет

Нетанјаху: Ако Хезболах влезе во војна со Израел, ќе ја направи грешката на својот живот

Нетанјаху: Ако Хезболах влезе во војна со Израел, ќе ја направи грешката на својот живот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди либанското шиитско движење „Хезболах“ дека ако влезе во војна со Израел, „ќе ја направи грешката на својот живот“.

„Не правете грешка да започнете војна со нас. Тоа ќе биде грешка на вашиот живот. Одењето во војна со нас ќе ја запечати судбината на Либан“, рече Нетанјаху.

Министерот за одбрана Јоав Галант претходно денеска изјави дека Израел може да го направи во либанскиот главен град Бејрут она што сега го прави во Газа. „Провокациите на нашата северна граница се претворија во агресија“, рече Галант и по повод гранатирањето од либанска територија. Тој исто така издаде предупредување во кое се вели: „Хезболах си игра со оган“.

Галант објави дека многу борбени авиони на израелските воздухопловни сили повеќе не се ангажирани во офанзивата во Појасот Газа. Носот на борбените авиони сега се свртува кон север, истакна министерот цитиран од ДПА.

Откако палестинското исламистичко движење Хамас започна ненадеен напад врз Израел на 7 октомври, а потоа следеше немилосрдното бомбардирање на Појасот Газа од страна на Тел Авив, секојдневно има размена на оган преку границата меѓу Израел и Либан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни