Свет

Нетанјаху си побара помилување од израелскиот претседател за судењето за корупција

Нетанјаху си побара помилување од израелскиот претседател за судењето за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе барање до израелскиот претседател да го помилува во врска со неговото долгогодишно судење за корупција, тврдејќи дека кривичните постапки го попречуваат неговиот капацитет да владее и дека помилувањето би било во интерес на израелското општество.

Нетанјаху, најдолгогодишниот премиер на Израел, ги негира обвиненијата за поткуп, измама и кршење на довербата.

Неговите адвокати во писмо до кабинетот на претседателот изјавија дека сè уште верува дека судењето ќе резултира со негово целосно ослободување.

„Моите адвокати денес му испратија на претседателот барање за помилување. Очекувам дека сите што ѝ посакуваат добро на земјата ќе го поддржат овој чекор“, рече Нетанјаху во кратко видео обраќање објавено од неговата партија Ликуд.

„Продолжувањето на судењето нè разделува одвнатре“, рече тој, додавајќи дека е невозможно да се сведочи три пати неделно.

Тој изрази верување дека „непосредното завршување на процесот во голема мера ќе придонесе за смирување на тензиите и поттикнување на општото помирување што толку многу ѝ е потребно на земјата“ и ја повтори својата невиност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни