Бизнис Свет

Нетфликс намали 2% од својот персонал

Нетфликс намали 2% од својот персонал

Американската компанија „Нетфликс“ објави дека укинала околу 2 отсто од својот персонал во обид да заштеди пари, откако растот на просперитетниот бизнис со стриминг услуги забележа забавување, пренесе АФП.

„Овие промени се водени првенствено од потребите на бизнисот, а не од индивидуалните резултати, што ги отежнува особено, бидејќи никој од нас не сака да види такви одлични колеги да си одат“, изјави портпаролот на Нетфликс за АФП.

Речиси 150 вработени се отпуштени, главно во САД, рече портпаролот, додавајќи дека компанијата го намалила и бројот на надворешни подизведувачи.

Неколку недели пред одлуката, Нетфликс објави дека претплатниците паднале за прв пат по повеќе од една деценија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни