На прес-конференцијата на Владата на Херцеговско-Неретванскиот кантон беше објаснето дека погрешно го пресметале бројот на жртвите и дека на ова подрачје загинале вкупно 13 лица.
Едно лице е пронајдено мртво во Бутуревиќ Поље во Коњиќ, а останатите 12 се пронајдени во Доња Јабланица, каде состојбата е најкритична. И во Фојница загинаа три лица, па официјално вкупниот број на жртви во поплавите во БиХ досега е 16.
На подрачјето на ХНК се бараат вкупно 10 лица, од кои четворица се во Коњиќ, а шест на Јабланица.
Дарко Јука, портпаролот на Владата на ХНК потврди дека трудницата која вчера го загуби бебето, денеска е во стабилна здравствена состојба.