Свет

Неуспешна руска мисија Луна-25: Леталото остави 10-метарски кратер на Месечината

Неуспешна руска мисија Луна-25: Леталото остави 10-метарски кратер на Месечината

Неуспешната руска мисија Луна-25 остави 10-метарски кратер на Месечината кога се урна минатиот месец по проблем при подготовката за меко слетување на јужниот пол, според сликите објавени од НАСА.

Луна-25, првата руска лунарна мисија во последните 47 години, не успеа на 19 август кога излета од контрола и се урна во Месечината, што го нагласи постсоветскиот пад на некогаш моќната вселенска програма, објави Ројтерс.

Вселенското летало на Националната аеронаутичка и вселенска администрација на САД за извидување орбитер (LRO) сними нов кратер на површината на Месечината за кој заклучи дека најверојатно е местото на ударот на руската мисија Луна 25.

Сепак, Индија успеа да стигне до Јужниот пол на Месечината  и влезе во историјата. Неколку дена по падот на руската мисија, индиското вселенско летало Чандрајаан-3 успешно слета на јужниот пол на Месечината. Така Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало на Јужниот пол на Месечината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни