Неверојатни квоти за Австралија опен! Новак Ѓоковиќ има поголеми шанси да ја освои титулата од сите останати 127 тенисери заедно

Шансите Новак Ѓоковиќ да стане шампион на Австралија опен се само 1,94! Интересно, коефициентот на сите преостанати играчи заедно е 2,02.
Тоа во основа значи – Ноле има поголеми шанси за титулата од сите преостанати 127 тенисери заедно.

Кога се во прашање поединечните коефициенти, зад српскиот ас се Карлос Алкараз со коефициент 4,50.

Веднаш следат Синер (7) и Медведев (9,50), а сите останати се далеку, многу зад …

Зверев е на петтото место со квота дури 30!

Се чини дека обложувалниците веќе го гледаат сценариото во Мелбурн…