Неверојатно моќната енергија на сина боја – психилози откриваат како да ја привлечете среќата!

Психолозите веруваат дека секоја боја има свое значење, а енергетичарите веруваат дека секоја нијанса е симбол на посебна енергија.

Ако често облекувате гардероба во сино, треба да знаете дека има многу моќна енергија. Се верува дека изборот на сино може да привлече среќа во различни области од животот, и пред се во бизнисот и љубовта.

Тоа влијае на интелектот, мислите, умот и свеста

Сината облека, сините ѕидови или сликите на ѕидовите исто така ги зголемуваат интелектуалните способности на личноста која ја сака оваа боја. Според психолозите, сината боја не поттикнува да се фокусираме на нешто важно.

Сината ја подобрува концентрацијата, како и меморијата, поради што оние кои се занимаваат со интелектуални и креативни активности се опкружени со оваа боја.

Имено, кога ја гледаме сината боја, почнуваме полесно да донесуваме одлуки и да се ослободуваме од непотребните мисли. Таков антистрес ефект може да се постигне со гледање на небото и морето, затоа и не е чудно кога луѓето велат дека водата ги смирува.

Сината боја симболизира и одговорност, па облеката во оваа боја ја избираат луѓе кои се лидери на висока позиција. Под влијание на оваа боја, луѓето наводно стануваат пољубезни и посрдечни.

Негативни ефекти

Покрај позитивното, синото има и негативни ефекти.

Се смета дека ја намалува физичката активност бидејќи е фокусирана на умот. Тоа може да не направи поспани и ранливи. Исто така, симболизира одмор и сон, па според некои верувања не се препорачува да се избира облека во оваа боја при долго возење.