Српската фудбалска репрезентација ја совлада Црна Гора со 3:1 во квалификацискиот натпревар за Европското првенство, а самиот дуел го одбележа инцидент и судир меѓу навивачи.
Имено, по голот на Митровиќ, српски навивач им го украде знамето на навивачите на Црна Гора, а потоа настана хаос. Полицијата веднаш интервенирала за да ги смири двете конфликтни страни.
— Kalabaster (@KalabasterJak) October 17, 2023
Во еден момент конфликтот се закануваше да се прошири, но беше видена неверојатна сцена. Бидејќи приврзаниците на Црна Гора не се смириле, реагирала полицијата која успеала да го пронајде украденото знаме и да им го врати на Црногорците.
— Kalabaster (@KalabasterJak) October 17, 2023