Балкан

НЕВИДЕНО: Бугарија не успеа да избере претседател на 48. Народно Собрание

НЕВИДЕНО: Бугарија не успеа да избере претседател на 48. Народно Собрание

Пратениците од 48. Народно собрание денеска се собраа на првата седница и не успеаја да изберат претседател на Собранието. Состојбата е без преседан во парламентарната историја на бугарската држава.

Првиот меѓу еднаквите не беше избран по три гласања, дебати, прекини и покренување дури и петти кандидат.

Првично за претседателската функција се изборија четворица кандидати од четири политички сили – Росен Желјазков од ГЕРБ -СДС, Никола Минчев од „Продолжувајќи ја промената “,  Кристијан Вигенин  од „БСП  за Бугарија“ и Петар Петров од „Преродба “. Подоцна, ДПС го номинираше и Јордан Цонев .

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни