Силно невреме собори три дигалки во пристаништето Бар и искрши претоварни мостови, дознава „Вијести“. Според неофицијални информации, едно лице е повредено и причинетата материјална штета е голема.
Силниот ветер корнеше дрвја, а штети имаше и во Марина каде беа оштетени четири пловни објекти.
Работник загина на градилиштето во Чањ
Според „Вијести“, работникот бил во кранот, кој се урнал за време на ураганските ветрови.
Центарот на Будва повторно под вода, по недовршена улица на 22 ноември течат потоци.
Иако се очекуваше дека реконструкцијата на оваа главна градска улица, во која беа вложени три милиони евра, и новиот атмосферски канал ќе го решат проблемот, обилните врнежи го демантираат тоа.
Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот булевар Свети Петар Цетињски, а поплавени се и некои улици во центарот.
