Свет

Невремето остави во мрак илјадници домаќинства во Нов Зеланд (ВИДЕО)

Невремето остави во мрак илјадници домаќинства во Нов Зеланд (ВИДЕО)

Илјадници домаќинства во Нов Зеланд останаа без струја, а многу летови беа откажани денеска поради тропска бура, пренесе Франс прес. Министерот за управување со вонредни состојби, Киеран МекАнулти, предупреди дека понеделник ќе биде „критичен ден“ поради екстремно опасна комбинација од силни ветрови и обилни дождови.

Има откорнати дрвја, оштетувања на патиштата и срушени столбови за струја. Вонредна состојба е прогласена во пет области во северниот дел на архипелагот, вклучувајќи го и Окленд.

Налетите на ветерот на север достигнуваат 140 km/h. Ер Нов Зеланд објави дека откажал 509 летови. Авиосообраќајот се очекува да продолжи утре.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни