Македонија

Ни 30% од државата нема канализација – треба ли да се стремиме кон Eвропа без канализација?

Започнавме со изградба на канализации и водоводи. Вака пред една година изјави премиерот Зоран Заев. Се пофали дека остварил капитална инвестиција за канализација во Визбегово, а од друга страна пак, жителите тврдат дека работата сѐ уште не почнала. Освен во Визбегово, Заев вели дека изградба на водоводната и канализационата мрежа почнала и во други населени места.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека ни 30% од државата нема канализација.

Од друга страна, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вели дека му верува на министерот за економија, Бектеши, дека во 90% од урбаните места има канализација, но дека проблем остануваат само руралните зони.

Речиси во сите емисии на „Клик Плус-одаја“ што ги организира ТВ21, жителите од Чаир, Визбегово и Чашка се пожалија дека имаат недостаток на водоводна и канализациона мрежа.

Од Министерството за транспорт и врски, велат дека од 2017 година се изградени 37км канализација и 30.3км водоводна мрежа. Во процес на изградба се други 103 км канализациона, и 84 км водоводна мрежа. Неофицијално во руралните места има само 18% канализација.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни