Ники Минаж „на дневен ред“ во Белата куќа – еве зошто!

Откако познатата американска раперка Ники Минаж објави на Твитер дека вакцините наводно предизвикуваат импотенција, Белата куќа и понуди да се поврзе со докторите од администрацијата на претседателот Џо Бајден и да разговара за нејзините прашања во врска со вакцините за коронавирусот.

Исто така, од Белата куќа беа испратени и слични повици кон други лица кои се загрижени околу истото прашање, со цел да се потисне кампањата за дезинформации во врска со нивната безбедност и ефикасност.

Раперката потврди дека Белата куќа ја поканила и навести дека ќе оди на разговор.

Инаку, таа има над 22,6 милиони следачи на Твитер, а претходно објави дека организаторите на Мет гала, оваа година барале од учесниците да бидат вакцинирани пред присуството, но додава дека не би примила вакцина сѐ додека „не почувствува дека направила доволно истражување“ за тоа.

Таа подоцна допиша дека „другар на нејзин братучед во Тринидад“, кој наводно станал импотентен откако примил вакцина.