Обраќањето на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов рече дека никогаш во неговиот кабинет не се размислувало за проглсување на воена или вонредна состојба.
„Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување на воена, или вонредна состојба. Со тоа ги отфрлам и сите шпекулации дека меѓународната заедница вршела каков било притисок врз мене да отстапам од некаков наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба. Во овој момент, јавно ги повикувам странските претставници, да излезат и да ги посочат тие кои ми вршеле притисок. Сценарио за воена и вонредна состојба немало, освен ако во Република Македонија не функционирал паралелен Врховен командант на вооружените сили и паралелен Генералштаб на Армијата на Република Македонија. Вистинското прашање е кому во тие моменти му одело во прилог да го злоупотреби Кабинетот на Претседателот и да креира лажна перцепција за прогласување на воена или вонредна состојба. Оние кои ме обвинуваат и создаваат лажни вести со цел да ја делигитимираат институцијата Претседател, ги упатувам на член 124 од Уставот, каде стои дека воена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката, кога Републиката е нападната, или и е објавена војна. Согласно член 125 од Уставот, вонредна состојба настапува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Почитувани мои граѓани, на 27 април немавме ништо од ова“, рече Претседателот Ѓорге Иванов.
