Домаќинките имаат свои различни рецепти, но малкумина знаат дека само една состојка дава мекост.
Сите сакаме да јадеме палачинки, но најмногу ги сакаме кога се меки.
Домаќинките имаат свои различни рецепти, но малкумина знаат дека само една состојка дава мекост.
Ставете го во смесата и ќе бидете воодушевени да видите како ќе излезе.
Состојки за меки палачинки:
- 3 чаши брашно ,
- 1 лажица шеќер,
- малку сол
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер,
- 2,5 чаши кисела вода,
- масло
Подготовка:
Брашното измешајте го со киселата вода, шеќерот, ванилиниот шеќер, прашокот за пециво и прстофат сол, па измешајте со миксер додека не добиете тенка кашеста маса.
Додадете една лажица масло и измешајте уште малку.
Тавата со тефлонско дно е најпогодна за печење палачинки. Во тавата истурете неколку капки масло и кога добро ќе се загрее, истурете околу половина лажичка течна смеса, колку да го покрие дното на тавата.
Кога едната страна од палачинката е испечена, превртете ја на другата страна. Пред да ја испечете секоја палачинка, додадете неколку капки масло во тавата.



