Балкан

Никој не сака да го погребе убиецот од БиХ, дури ни семејството не се интересира!

Никој не сака да го погребе убиецот од БиХ, дури ни семејството не се интересира!

Поминаа четири дена од тројното убиство кое Нермин Сулејмановиќ го изврши во Градачац во Босна и Херцеговина. Тој ја уби невенчаната поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ и таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер, а ги рани сопругата на Џенгиз Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и Недим Памуковиќ. Убиството на поранешната сопруга го пренесувал во живо на Инстаграм, а потоа извршил самоубиство.

Како што пишуваат медиумите во БиХ, никој не сака да го преземе неговото тело, дури ни семејството, па не се знае кога ќе биде погребен. Познаници на таткото на убиецот за Дневни аваз кажале дека кажал: „Не ме интересира тоа гомно“.

38-годишната Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера во тој град, а стотици луѓе ја испратија и потоа учествуваа на мирниот собир против семејното насилство.

Освен во Градачац протести беа организирани во Сараево, Зеница, Мостар, Тузла и други градови во БиХ.

Насилството над жените во БиХ е прилично честа појава со трагични последици, но на извршителите по правило им се изрекуваат релативно благи казни кои не се согласни со обврските кои таа држава ги презема со ратификувањето на Истанбулската конвенција за борба против насилството над жените и во семејството.

Тоа се покажало и во случајот на Низама Хаќимовиќ, која била изложена на системско насилство, но за тоа немало соодветна реакција. Правосудните тела и полицијата сега се обвинуваат за очигледните пропусти.

Од судот во Градачац вчера се правдаа со тврдења дека не можеле да го санкционираат убиецот бидејќи полицијата не го документирала неговото насилство над поранешната сопруга, па не можела да му биде изречена мерка на забрана за приближување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни