Македонија

Николоски: Исплатени платите за околу 4400 вработени во Железници и Пошти

Николоски: Исплатени платите за околу 4400 вработени во Железници и Пошти

Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти.

Во продолжение Ви ја пренесуваме објавата :

-Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење! Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку!, стои во објавата на министерот Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни