Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на прес-конференција во седиштето на партијата, ја истакна новата царина од страна на ЕУ за извоз на производи од челик, алуминиум и железо од 25%, со која македонската економија ќе доживее сериозен удар, а Николоски за тоа ја обвини Владата која не превземала ништо да биде изземена од овие мерки од Европската Унија.
„Деновиве пред крајот на оваа лоша и црна година за Македонија стигна можеби најлошата вест за македонската економија. Имено Европската Унија воведува т.н. заштитни мерки за увоз на производи од челик, алуминиум и железо со кои е опфатена и Република Македонија. Со истите се воведуваат квоти за извоз на овие производи во ЕУ кои откако ќе бидат исполнети воведува царина од дури 25%. Ова народски кажано значи воведување на санкции кон Македонија и останатите земји кои не се членки на ЕУ во делот на извоз на челик, алуминиум и железо како и производи од истите. Ова е драматичен удар за македонската економија што на виделина ја исфрла целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев. Имено оваа четворка не направи ама буквално ништо Македонија да биде изземена од овие мерки на ЕУ.
За информација на граѓаните металуршката индустрија е еден од најголемите извозници и на неа се потпира голем дел од бруто домашниот производ како и економскиот раст. Неколку бројки. Вкупниот извоз кон ЕУ е преку 200 милиони евра годишно и секоја година расте со стапка на раст од 15%. Уделот на овие производи во БДП на Македонија е 1,6% во 2017 година, а очекувано е во 2018 година да биде 1.8% од БДП. При економски удар и стопирање на извозот што е се поизвесен за жал на овие производи, нереализирани ќе останат околу 200 милиони евра во 2019-та година. Тука би сакале да ги коригираме проекциите на Владата кои што велат дека штетата ќе биде околу 100 милиони евра. Штетата ќе биде 200 милиони евра, директна во капацитетите кои произведуваат, како и индиректна во компаниите кои произведуваат како и индиректна во комапниите кои што ги опслужуваат. Се на се во 2019 година може да се очекува колапс на оваа индустрија и околу 5.000 луѓе да останат на улица. Овие 5.000 луѓе ќе бидат или пратени на принуден одмор со намалена плата или целосно ќе ја изгубат својата работа, а фирмите ќе се соочат со проблеми во својата ликвидност, кампањско производство наместо годишно, неспособност да ги враќаат кредитите како и целосно запирање на планираните и идни инвестиции во развој што на среден рок ќе ги направи неконкурентни дури и без постоење на вакви квоти односно санкции.
Ова катастрофа ја покажува целосната неспособност на Владата на Заев, Димитров, Шекеринска и Анѓушев, кои трчајќи кон безусловна промена на името на Македонија и целосен национален срам, не обезбедија ништо за државата! Па нели промената на името беше за подобар економски стандард? Не само што нема да го добиеме туку и го губиме она што во моментов го имаме! А, за тоа колку од ЕУ го почитуваат Заев и неговиот тим покажува најдобро фактот дека ефектот од разговорот помеѓу Заев и Претседателот на ЕК Јункер не е ниту нула туку минус!“, вели Николоски.
Целата изјава на Николоски низ видео:
