Николовски: Нема начин на кој Христијан Мицкоски може да се спаси од пораз

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, на гостувањето во ТВ21 рече дека нема начин на кој Мицкоски би можел да се спаси од пораз.

Се вчитува...

„Нема начин на кој Мицкоски може да се спаси од поразот. Граѓаните му пратија јасна порака, дека тие не сакаат опозиција која ќе се крие од тоа што треба да го носи како одговорност. Ја платија сметката затоа што калкулираа, затоа што многу неодговорно се однесуваат со самата криза и епидемија во која се наоѓа целиот Свет“, рече Николовски.

Тој кажа дека ниту измислените протести од страна на опозицијата, нема да го спасат Мицкоски од нов пораз.

„Сега нема ниту измислени протести ниту били што да го спаси Мицкоски од пораз“, рече Николовски.

.

Извор: ТВ21