Никогаш не е доцна за брак, но и возраста никогаш не е пречка.
Ова го докажаа Никос и Марта од Грција кои на 87 и 85 годишна возраст се заколнаа на вечна љубов во општина Атина.
Нив ги венчаваше атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, кој објави и фотографија на својот Фејсбук профил.
Покрај фотографијата, градоначалникот го објави и дијалогот меѓу штотуку венчаните:
„Дали Вие, Никос, ја сакате Марта за Ваша сопруга?“
„Секако!“
„Вие Марта го сакате Никос за Ваш сопруг?“
„Многу!“
„И вака некако во општината, се споија во брак два животи, 87 и 85-годишни. Насмеани, блескави и вистински среќни. Е ова е една прекрасна љубовна приказна“, напиша тој.
