Ништо од заедничката средба меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово, Вучиќ тврди: Курти не сакаше да се сретне со мене

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва соопшти дека немало заедничка средба на српската и косовската делегација во Брисел со претставниците на Европската унија, Јозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Вучиќ во изјава за новинарите по средбата со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел, и европскиот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека имале „соодветна средба“.

Се вчитува...

„Немаше втора средба со (премиерот на Косово, Албин) Курти. Курти не сакаше или не му дозволија да се сретне со мене и да разговараме, прашајте го, но верувам дека тоа ќе го слушнете и од Европејците. Така што таа средба не се ни случи“, изјави Вучиќ.

„Ништо, човекот не сака да ме види, од кај да знам дека доаѓа… Не е спремен за средба со мене, човекот не сакаше да се сретнеме…“, одговори Вучиќ на прашање на новинарите зошто немаше заедничка средба.

Вучиќ рече дека на билатералната средба со европските претставници разговарал за ситуацијата на Косово, спроведувањето на различни договори и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Разговаравме за се, а главните преговарачи ќе продолжат во вторник или среда“, рече претседателот на Србија.