Ноќна птица која се плаши од прислушување и отров: Како изгледа еден ден во животот на Путин?

Ако оставиме сè на страна и ја „заборавиме“ војната во Украина, сигурно ќе помислите дека рускиот претседател никогаш не мирува.

Но, мораме да ве „разочараме“ и да кажеме дека Путин сака да спие долго и не брза на работа наутро.

Ви откриваме како изгледа еден ден од животот на Владимир Владимирович Путин, пренесува Инсајдер.

Тој не е ранобудник

Рускиот претседател не сака да се буди рано и станува многу доцна за еден претседател. Како и сите обични луѓе, денот започнува со појадок. Повеќе сака да јаде омлети, овесни снегулки со овошје, а најмногу ужива во јајца од препелица и домашно сирење. Сè е, се разбира, органско и свежо.

Вработен јаде пред него

Путин има вработен кој пред него ја пробува целата храна што има намера да ја изеде, за да утврди дека храната не е отруена. Откако ќе го заврши оброкот, ужива во него – шолја кафе.

Сака базен и теретана

Откако ќе ја испие последната голтка кафе, Путин секој ден оди да плива во својот базен. Пливањето го опушта од стресот. Неговите помошници откриле дека тој сака да поминува време во базен затоа што размислува таму. По базенот често оди на тренинзи кај поранешниот претседател на Руската Федерација Дмитриј Медведев. Путин еднаш рече дека повеќе сака да крева тегови, наместо да прави кардио и фитнес вежби. По паузата од теретана, тој оди на работа околу 17 часот.

Работа

Бидејќи доаѓа на работа подоцна, пред да пристигне, неговите работници му подготвуваат апсолутно се, а тој ги прегледува досиејата и телефонира. Кога станува збор за разговори, тој се обидува секој повик да го прави преку фиксен телефон. Не сака технологија и паметни мобилни телефони, а некои медиуми шпекулираат дека се плаши од прислушување. Инаку, работата си ја врши од дома, од канцеларија.

Ноќна птица

Никогаш не би претпоставиле дека Владимир Путин е „ноќна птица“. Тој има свој приватен готвач кој за секоја вечера му подготвува специјалитети, а омилен од сите му е сладолед од ф’стаци. Доколку има договорен настан каде треба да се појави, останува до полноќ. Тој никогаш не пие алкохол и може да се каже дека го презира. Кога рускиот претседател се враќа дома, најчесто чита книги и завршува со работа.