Свет

Норвешка ја зголемува својата воена готовност како одговор на војната во Украина

Норвешка ја зголемува својата воена готовност како одговор на војната во Украина

Норвешка од вторник ќе ја стави својата војска во состојба на готовност бидејќи ја зајакнува својата безбедност како одговор на војната во Украина, изјави во понеделникот премиерот на оваа скандинавска земја.

Норвешка во моментов е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од вкупниот увоз на ЕУ по падот на руските текови.

„Ова е најлошата безбедносна ситуација во последните децении“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференција.

„Нема индикации дека Русија ги проширува своите воени дејствија во други земји, но зголемените тензии не прават поизложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание.

Вооружените сили ќе трошат помалку време за обука и повеќе време на оперативни задачи, а домашната стража – сили за брза мобилизација – ќе игра поактивна улога, рече министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Воздухопловните сили ја откажаа обуката во САД со своите борбени авиони Ф35, претпочитајќи да ги задржат во Норвешка, изјави шефот на вооружените сили, генерал Ерик Кристоферсен.

„Очекуваме оваа ситуација да продолжи најмалку една година“, вели Кристоферсен.

Норвешка за прв пат ја испрати својата војска да ги чува морските платформи и копнените објекти по истекувањето на гасот „Северен тек“ на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни