Свет

Носењето маски на аеродромите и во авионите во Европа повеќе не е задолжително

Носењето маски на аеродромите и во авионите во Европа повеќе не е задолжително

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) соопшти дека носењето маски на аеродромите и за време на европските летови повеќе не е задолжително, објави Sky News.

Овој потег, објавен од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (ЕАСА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), треба да стапи на сила на 16-ти мај.

ЕАСА додаде дека ова е „голем чекор напред во нормализирањето на воздушниот сообраќај“, но и покрај укинувањето на правилото, маските за лице остануваат „една од најдобрите заштитни средства“ од СОВИД-19, се додава во соопштението.

Сепак, по укинувањето на правилото од страна на EASA и ECDC, поединечните авиокомпании ќе продолжат да ги применуваат своите барања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни