Свет

Нов хаос во Франција, „жолтите елеци“ уништиле неколку патарини низ земјата

Француските демонстранти „жолтите елеци“ денеска повторно направија хаос низ Франција, откако зазедоа неколку патарини, а дел од нив ги запалиле.

Најголемиот француски оператор за патарините „Винци Ауторутес“, соопшти дека денеска на 40-тина локации на нивната мрежа и неколку патарини се многу оштетени, посебно на југот на Франција.

Наплатната станица Бандол, источно од Марсеј е запалена, а автопатот А50 е затворен.

„Возачите да бидат крајно внимателни кога се приближуваат кон наплатните рампи како и на влезовите на автопатиштата“, пишува во соопштението на „Винци“.

Штетата се проценува на 10 милиони евра од почетокот на протестите до сега.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни