Нов инцидент во Србија: Дел од настрешница се урна во центарот на градот

Во Белград, голем дел од бетонска настрешница се урна пред парфимерија на улицата „Кнез Михаилова“ во текот на ноќта. Огромен бетонски блок виси од таванот во преминот. За среќа, никој не е повреден.

Сега огромната бетонска плоча практично виси во центарот на градот, што не е безбедно за граѓаните. Оградена е со лента и на граѓаните им е забрането да минуваат. Според медиумите Србија, вработен во парфимеријата рекол дека сè било во ред вчера во текот на денот.

Се претпоставува дека уривањето се случило во текот на ноќта. Ниту една надлежна институција сè уште официјално не го коментирала инцидентот.

Во Србија со месеци траат протестите поради настрешницата што се урна на 1 ноември на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, со кои се бара казна за одговорните, како и заминување на сегашната влада.