Нов 30 дневен притвор за екс началникот на Петтата управа Сашо Мијалков.
Судијката Весна Димишкова доцна вечерва ја донела одлуката за нови 30 дена притвор за Сашо Мијалков во случајот на СЈО под кодно име „Империја“.
Од затворот Мијалков денеска околу 14 часот бил спроведен во Кривичниот суд каде бил на распит кај судија на претходна постапка.
Ова е втора мерка притвор за поранешниот ексдиректор на тајната полиција.
Во случајот „Империја“, Мијалков е еден од 13 осомничени.
