Нов рекорд во брзо туркање спортска детска количка во САД

Дејвид Раш од Ајдахо, САД со помош на својот петгодишен син успеа да го подобри Гинисовиот рекорд за најбрз 10-метарски спринт со туркање спортска детска количка.

Тој вели дека со години сакал да го подобри рекордот, но сепак морал да чека син му да го исполни минималниот услов за тежина. Со поставувањето на нови светски рекорди, Раш има за цел да ја промовира науката, технологијата, инженерството и математиката и образованието.

Видеото кое е објавено на платформата Јутјуб покажува дека Раш прво го отвора седиштето, го става детето во него, туркајќи го трча потребното растојание од 10 метри и на крај повторно ја преклопува количката.

Времето кое што Раш и неговиот син мораа да го урнат беше 15 секунди, додека пак тие се справија со предизвикот за само 10,04 секунди.