Балкан

Нов силен земјотрес во близина на Санторини

Нов силен земјотрес во близина на Санторини

Силен земјотрес, уште еден во серија, со јачина од 5 степени е регистриран утрово на архипелагот Додеканез, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од девет километри, 144 километри од Ираклион, 24 километри од Санторини.

Од 26 јануари на ова подрачје се забележани голем број земјотреси со јачина од 3,5 до 5,2 степени според Рихтеровата скала. Според податоците, регистрирани се околу 17.000 земјотреси посилни од еден степен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни