Од утре во функција нов систем за пријавување неправилности и корупција во работењето на администрацијата. Ќе функционира и електронски и по пат на телефон.
Преку Електронски систем за поднесување електронски поплаки и пријави, поврзани со услугите на јавната администрација, граѓаните ќе поднесуваат забелешки и пријави за корупција. Повикувачкиот центар ќе работи од 8 до 16 часот во работни денови. Според вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски, ова праќа јасна порака за политичка волја во борбата против корупцијата.
Системот ќе генерира месечни извештаи за вкупен број примени пријави, претставки и предлози. Овие извештаи, потенцира Николовски, ќе бидат основа за соодветни анализи за предлагање на соодветни мерки и активности во конкретните области.