Нов закон за прекршоци, до 75% помали казни, столб ќе биде превенцијата

До 75 проценти помали казни за физичките лица, одредување на глобите за фирмите врз основа на повеќе критериуми, број на вработени, остварени приходи и претходно поведение се дел од измените кои ги содржи новиот закон за прекршоци. Директрката на УЈП, Соња Лукаревска пред струмичките бизнисмени истакна дека драконските казни змаинуваат во минатото, а нивни столб ќе биде превенцијата.

„На некој начин столб на ова да биде превенцијата, односно опомената. Да ги отфрлиме оние драконски репресивни казни со кои фирмите на некој начин се уништуваа. Тоа да оди во минатото, а иднината да претставува дека малите фирми ќе плаќаат помали казни, а поголемите фирми, поголеми казни. Нашата цел не е да ја намалиме дисциплината на даночните обврзници, генерално на фирмите и физичките лица, туку да го дадеме оптималното решение“, изјави Соња Лукаревска, директорка на УЈП.

Се вчитува...

Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, вели дека годинава имале 7 проценти зголемување во деклот на доброволното плаќање даноци, што според него е дел од низата активности кои ги презеле инспекторите за превенција и едукација на бизнисот.

„Со сите претставници на бизнис заедницата особено по области и дејности направени се состаноци презентиранo им се oна што претставува нивна грешка и новни прекршоци кои ги правеле, да не се повторуваат. Годинава, золемувањето на проходот од 7 проценти, за доброволно плаќање на даноците, е сигурно резултат и на работењето на Државниот пазарен инспекторат“, изјави Стојко Пауновски, прв човек на Државен пазарен инспекторат.

Пауновски посочи, дека најмалку што сакаат е одредување казни, но мора да овозможат услови за лојална, наспроти нелојална конкуренција. Средбата во Струмица ја организира градоначалниот Коста Јаневски, како дел од активностите поврзани за подобрување на бизнис климата во општината.

Репортер: Катерина Дафчева

Извор: ТВ21