Министерот за дигитална економија и комуникации на Нов Зеланд, Дејвид Кларк на прес конференција посочи дека одделот за „облак“ услуги за складирање податоци на Амазон ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд.
Тој вели дека Амазон е втората најголема технолошка компанија, која сега ќе вложи во создавање „облак“ на Нов Зеланд.
„Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. Вкупната инвестиција на Амазон ќе биде околу 7,5 милијарди новозеландски долари (околу 5,2 милијарди американски долари), што покажува високо ниво на доверба од меѓународната бизнис-заедница“, вели Кларк.
Тој додава дека изградбата на нови центри за складирање податоци ќе создадат и нови работни места за тамошното население.
