Свет

Нов Зеланд ги укина последните ограничувања поврзани со Ковид-19

Нов Зеланд ги укина последните ограничувања поврзани со Ковид-19

Нов Зеланд денеска ги укина последните ограничувања за „Ковид-19“, означувајќи го крајот на одговорот на владата на пандемијата.

Премиерот Крис Хипкинс рече дека обврската за носење маски во болниците и другите здравствени установи ќе заврши на полноќ, како и обврската за луѓето заразени со вирусот да се самоизолираат седум дена, пренесе АП.

Нов Зеланд доби пофалби за целосно елиминирање на вирусот на почетокот на пандемијата, откако воведе карантини низ целата земја и строги гранични контроли.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни