GULF во Македонија со гордост ви ја претставува новата бензинска станица на автопатот Е-75 во близина на Неготино. Со отворањето на оваа бензинска станица, GULF поставува нови стандарди во изгледот и функционалноста на бензинските станици во регионот. Лесно достапна, опремена со високо технолошки решенија за најквалитетна услуга со премиум горивата на GULF, X-tream Diesel и G-Force кои освен што обезбедуваат подобри перформанси на моторите на возилата, исто така ги прочистуваат и ја подобруваат целокупната работа на моторот.
Покрај овие премиум горива за дополнување на резервоарите на вашите возила, оваа бензинска станица е совршеното место за пауза и за краток одмор. Посетете ја Gulf Store продавница која работи 24/7, како и Gulf Restaurant за топол оброк и одлично кафе. Големиот паркинг простор и 8те станици за паралелно точење дополнително овозможуваат да го дополните резервоарот или да ги посетите ресторанот и продавницата за многу кратко време.
На оваа GULF бензинска станица можете да го дополните и вашиот плински резервоар.
GULF OIL во Македонија напорно работи за да ја зголеми достапноста на продажните места на GULF, а позитивниот фидбек од потрошувачите е само уште еден показател за недостигот на квалитетни горива и услуги на бензинските станици во Македонија.
Наскоро очекувајте уште една врвна GULF бензинска станица во близина на граничниот премин Богородица, веднаш по влезот во државата.
Горивата и услугите ги правиме достапни за се повеќе потрошувачи во Македонија.