Нова надеж за ревитализација на Треска – се очекува утре Општинскиот совет да го усвои урбанистичкиот план

„Помина и ова лето, а езерото Треска остана неуредено и неревитализирано . И сега повторно има ветување и нова надеж. Општинскиот совет на Сарај се очекува да дискутира за ова прашање“, истакна репортерот на ТВ21.

„Во понеделник општинскиот совет на Сарај треба да усвои урбанистички план и да ги продолжиме натамошните правни процедури и конечно сме на крај на реализацијата на овој проект и наскоро ќе дојдеме до камен темелник, условно кажано, за да се стави во функција“, порача Блерим Беџети.

Меѓутоа, ниту сега градоначалникот на Сарај не спомна конкретен рок за започнување на работите на терен.

„Ова се проекции, бидејќи по усвојување на урбанистичкиот план ќе треба заедно општината и владата, односно Министерството за транспорт и врски и Економија да ја проследат целата процедура предвидена со закон и верувам за краток период…“, додава Блерим Беџети.

Беџети не кажа ниту колку средства се потребни за изградбата на Треска.

Дел од ДУП-от општина Сарај го доставила до Град Скопје за што од таму дале одобрение за урбанизација на Треска.

Треска порано беше туристичка атракција, но со текот на времето ова место е уништено, а и по многуте ветувања до сега ништо не е уредено.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното