Нова романса во Холивуд – Џон Траволта и Деми Мур во врска?

Се погласно се слушаат гласини за нов пар во Холивуд што никој не ги очекуваше.

Странските медиуми пренесуваат дека актерите Џон Траволта (67) и Деми Мур (58) во последно време поминуваат многу време заедно, а приказната на келнерка од ресторан во Флорида каде што биле заедно ги поддржува гласините.

„Седеа на маса во аголот, осветлена само со свеќи. Изгледаше многу романтично, многу се смееја, па дури и се држеа за рака“, изјавила келнерката за медиумите.

За да бидат работите уште поинтересни, се шпекулира дека им се придружил и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Брус Вилис. Имено, Брус и Траволта се пријатели многу години и наводно предложиле да се сретне со Деми кога му признал дека е подготвен за нова љубов по смртта на неговата сопруга, актерката Кели Престон.

Сето ова ги подгреа гласините за нов холивудски пар и немаме друг избор освен да чекаме да видиме дали наскоро ќе им кажат нешто на медиумите.

Да потсетиме, сопругата на Траволта, Кели Престон почина пред една година по двегодишна борба со ракот на дојката, која ја чуваше во тајност. Тие беа во брак 28 години и имаа три деца заедно, но нивниот најстар син Џет го загуби животот во 2009 година во трагична несреќа. Актерот се уште не се помирил со загубата на синот и сопругата и редовно им посветува објави на социјалните мрежи.

Новата наводна девојка на Траволта, Деми, има три неуспешни брака зад себе. Нејзиниот прв сопруг беше музичарот Фреди Мур, со кого беше во брак од 1980 до 1985 година, а по разводот го задржа неговото презиме. Потоа во 1987 година се омажи за Брус Вилис со кого имаше три ќерки, а тие се разведоа во 2000 година. Пет години подоцна, 15 години помладиот, Ештон Качер ја однесе на олтар, а нејзиниот брак траеше до 2013 година, а потоа таа нема сериозни врски.