Нова стратегија за дом за бездомници, граѓанитe ги мачи прашањето до кога ќе останат тука?

Вишокот храна да не се фрла туку да се употреби во добротворни цели. Лицата со социјален статус да добиваат храна преку новиот модел “Сите сити“, како најдобро решение од труд и социјала , заедно со неколку други институции. Преку овој модел ќе се служи храна неколку пати неделно за три различни категории граѓани: лица кои имаат или немаат можност сами да си подготват храна, лица од социјално загрозена категорија како и стари или болни лица. Оваа храна ќе ја подготвуваат лица со инвалидитет.

Целта на Фондот за иновации е оваа храна наместо да се фрла, преку добро менаџирање да им се служи на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Граѓаните кои се сместени во пунктот за бездомници велат дека се задоволни од условите кои се нудат таму. Меѓутоа, имаат друга грижа која постојано ги мачи. Откако ќе заврши зимата тие треба да го напуштат засолништето и да бараат друго решение преку летото.       

Според статистиките, 30% од храната која се произведува и увезува во земјава, завршува во отпад, што ја става Македонија на 8 место на глобално ниво за фрлена храна по глава на жител.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21