Нова терапија за борба против хепатитис Ц, поефикасна во лекување на заболување кое го напаѓа црниот дроп

Ќе има нова и поефикасна терапија за лекување на лицата заболени од хепатитис Ц. Клиниката за инфективни болести доби донација од Фондацијата „Direct Relief“, а преку новата терапија ќе можат да се третираат 150 пациенти кои страдаат од вирусното заболување кое го напаѓа црниот дроб.

Новата терапија е доста ефикасна и целосно ги лекува заболените од хепатитис Ц, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Директорката на Клиниката за инфективни болести пак, нагласи дека третманот се спроведува и веќе во тек е регрутирањето пациенти кои ги исполнуваат условите за отпочнување со третманот со новата терапија.

Извор: ТВ21