Свет

Нова жртва од „Концертот на смртта“ – почина 9-годишно момче!

Концертот на познатиот рапер Тревис Скот донесе нови жртви. Иако во првичниот извештај стоеше дека животот го загубиле осум лица, тој број се зголеми.

Имено, деветгодишно момче од Далас е десеттата жртва на стампедо што се случи на концертот на раперот Тревис Скот пред две недели, јавува „Агенција Анадолија“.

Момчето по име Езра Блант е повредено за време на стампедо на музичкиот фестивал Астроворлд во Хјустон, а во болница било донесено без мозочна активност, а неколку дена подоцна го загубил животот.

Неговиот татко во објава на страницата „GoFundMe“, отворена за да плати за лекување на неговиот син, изјавил дека Езра му седел на рамениците, а за време на стампедото се изгубил во толпата. Неговиот татко изгубил свест, а кога се освестил го побарал синот и сфатил дека момчето веќе е во болница. Семејството на Езра тврди дека момчето било „претепано, прегазено и речиси смачкано до смрт“.

Семејството Блант го застапува истакнат адвокат за граѓански права, Бенџамин Крамп, и бара отштета од најмалку милион долари.

Стампедото што се случи за време на настапот на раперот Тревис Скот, повреди неколку стотици луѓе, повеќе од десет од нив се уште се во болница. Во тек е кривична истрага, а под лупата на инспекторите се промоторот на концертот „Live Nation“, како и самиот Тревис Скот.

Да потсетиме, Тревис истакна дека ги сноси трошоците за погребот на сите лица кои ги загубија животите во стампедо на неговиот настап.

  • Ова е само еден од многуте чекори што планирам да ги преземам за да им помогнам на оние кои тагуваат да го пребродат овој период и да закрепнат – напиша тој во изјавата на социјалните мрежи.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни