Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк каде ќе игра на УС Опен.
Ѓоковиќ имаше промотивни активности во Њујорк, а играше тенис на Тајмс Сквер.
Еден од спонзорите на Новак, компанијата Waterdrop, го организираше настанот и изгради импровизиран тениски терен, каде Новак играше против децата од Харлем.
На прашањето како се чувствува кога игра тенис на Тајмс Сквер, тој рече: „Многу добро“.