Новата академска година под отворено небо, студентите претпочитаат предавања со физичко присуство

Под отворено небо, со маски и на дистанца. Вака се одржа првото предавање за бруцошите на Факултетот за архитектура и градежништво при Универзитетот „Мајка Тереза“. Во раце ги држеа летоците на кои беа испишани протоколите на кои треба да се придржуваат. Предавањата ќе бидат комбинирани, некои предмети онлајн, а некои со физичко присуство.

-Во однос на измените и нашите одлуки поврзани со начинот на одржување на наставата, како ќе се одржуваат вежбите кои ги одредивме на почетокот и ги имаме испишано на летокот, можеме да се прилагодиме со одредена динамика во иднина-рече ректорот на Универзитетот, Азиз Положани.

Се вчитува...

Студентите кои ги прашавме, преферираат предавањата да се организираат со физичко присуство, бидејќи како што велат, онлајн форматот се покажал како неефикасен.

„Подобро со физичко присуство, не онлајн, бидејќи онлајн е потешко да се разбере. Со физичко присуство може подобро“.

„Мислам дека со физичко присуство можеш да се сконцентрираш подобро, поголема е концентрацијата така.“

Инаку, подготовките за новата академска година траеја неколку месеци. Под посебни мерки и протоколи се одржуваа и испитните сесии.

.

Извор: ТВ21