Пониските цени на горивата во Грција ги поттикнаа резервациите за празниците.
За празниците цената на бензините во Грција ќе биде за 20% пониска од летото, изјави претседателот на сопствениците на бензински пумпи. Последната недела бензинот во Грција падна за 2 евроценти дневно.
Туристичката индустрија известува дека пониските цени на горивата ги зголемиле резервациите од странство за празниците.
Пред само неколку недели бензинот во Грција се продаваше за повеќе од 2 евра за литар, а на островите 2 евра и 30 центи поради високите трошоци за превоз.
Просечната цена на бензинските пумпи денеска е 1 евро и 90 центи, со тенденција горивото да поевтини.