Македонија

Нови 490 случаи на Ковид-19, починати 11 лица

Нови 490 случаи на Ковид -19 од направени 3.073 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Речиси половина од нив се во Скопје.

Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, во Скопје има нови 223 случаи, во Куманово 38, Прилеп 33, Велес 32, Штип 24, Битола 20, Кавадарци 19, Охрид 17, Крива Паланка 16 и Кочани 10. Во Кичево има осум нови случаи, Македонска Каменица шест, Гевгелија пет, Струмица, Радовиш и Пробиштип по четири, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар по три, Гостивар, Струга и Неготино по два и Свети Николе, Ресен и Богданци по еден нов случај.

Починале 11 лица од кои четворица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), тројца од Куманово (93г, 69г и 48г), двајца од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите се починати во болнички услови.Регистрирани сe 201 оздравени пациенти.

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 86863, Активни 3008

Куманово 12007, Активни 481

Тетово 10926, Активни 93

Прилеп 9328, Активни 236

Гостивар 7994, Активни 37

Битола 7303, Активни 193

Велес 6619, Активни 294

Кавадарци 6141, Активни 168

Охрид 6115, Активни 203

Штип 6015, Активни 202

Струмица 5865, Активни 131

Кичево 4067, Активни 86

Струга 3822, Активни 35

Кочани 3449, Активни 145

Гевгелија 2513, Активни 80

Неготино 2347, Активни 22

Свети Николе 1966, Активни 64

Радовиш 1572, Активни 42

Ресен 1566, Активни 33

Крива Паланка 1552, Активни 115

Дебар 1453, Активни 6

Берово 1222, Активни 12

Делчево 1139, Активни 21

Виница 1073, Активни 32

Пробиштип 976, Активни 54

Валандово 842, Активни 16

Кратово 631, Активни 47

Богданци 575, Активни 20

Крушево 541, Активни 11

Македонски Брод 476, Активни 3

Демир Хисар 471, Активни 31

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 347, Активни 47

Пехчево 318, Активни 3

Дојран 142, Активни 2.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни