Македонија

Нови аудио снимки на YouTube – наводен телефонски разговор на Орце Камчев

И додека во Кривичен суд деновиве се одвива судскиот процес Рекет, нови снимки се појавија на Јутјуб, на кои се слуша гласот на еден од сведоците во овој случај, а за кого СЈО во еден од предметите има покренато и обвинение. Снимките се пуштени вчера, траат по десетина секунди а засега не е познато кој е соговорникот кој разговара со сведокот на Рекет. Во една од нив се слуша како тој бара контакт со Вице Заев и се заканува доколку не му се заврши некаква работата дека како што вели ќе бомбардира со материјали од Бугарија но и дека сакал да ги сруши Заеви.

Во една од снимките вели дека расчистил со Сашо Мијалков, а во друга го споменува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во која вели – и ќе дојде Мицкоски и што правиме тогаш, крв до колена.

СНИМКА1:
„Имаш ли влијание кај нив, утре да се видиме, да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние. Крв ќе има.“

СНИМКА 4:
„Никој не знаеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам, да станам премиер да го добијам тоа? Не ме интересира, оставете ме, не барам ништо, не барајте ништо.“

Од МВР велат дека во врска со овие нови снимки тие немаат надлежност во овој момент и дека Јавното обвинителство е тоа што треба да истражи дали ќе покренат постапка. И од обвинителството велат дека секогаш ги следи дали има сторено некакво кривично дело и согласно надлежностите постапува. Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека овие разговори не се дел од доказите доставени до обвинителството, а најави и дека ќе поведат истрага за нив.

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

Вчера во Кривичен суд за случајот Рекет траеше сведочењето на бизнисменот Орце Камчев, а за вторник како сведок треба да се појави и неговата сопруга Ана Камчева. Во случајот Рекет досега е изречена пресуда на третообвинетиот Зоран Милевски кој доби тригодишна затворска казна.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни