Балкан

Нови детали за пукањето во Белград: Напаѓачите биле поделени во две групи, едната влегла во кафулето – другата пукала од куќа преку улицата!

Нови детали за пукањето во Белград: Напаѓачите биле поделени во две групи, едната влегла во кафулето – другата пукала од куќа преку улицата!

Пет лица, меѓу кои две жени и тројца мажи, се повредени во вооружен инцидент кој денеска околу 14 часот се случи во едно кафуле во Вишњичка бања, општина Палилула во Белград.

Според првичните информации, напаѓачите биле поделени во две групи – едната влегла во кафулето и отворила оган врз присутните, додека другата пукала од куќа преку улицата. Како цел на нападот биле посочени двајца навивачи.

Очевидци велат дека пукотниците биле силни и се слушнале седум до осум истрели, по што настанала паника, а луѓето се разбегале во сите правци. Дел од сведоците истакнале дека на местото имало голем број минувачи и патници на автобуска станица.

Жена која беше застрелана е во критична состојба и е пренесена на реанимација во Ургентниот центар во Белград.

Полицијата веднаш ја активираше акцијата „Вихор 3“, а случајот го истражува Вишото јавно обвинителство во Белград.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни