Конечно Град Скопје е опремен со нови електрични картички за урбан транспорт. Од ЈСП денеска известија дека новите електрични картички можат да се најадат во продажните места и тоа со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Новите картички „Скопска“ исто така имаат холографска заштита, која обезбедува повисок степен на безбедност од злиупотреба. Цената на картичките останува иста, а картичките со стар дизајн се уште ќе важат. ЈСП Скопје во текот на април планира да презентира електронски билети за едно возење.
СЛЕДЕТЕ НЕ:
