Свет

Нови напади на руската армија врз Украина: експлозии во шест области

Нови напади на руската армија врз Украина: експлозии во шест области

Воздухопловна тревога утринава е прогласена ширум Украина

Во текот на изминатата ноќ и утринава Русија започна нови напади врз неколку украински региони. Експлозии одекнаа во регионите Черкаси, Хмелницки, Киев, Ривне и Виниција, пренесе Би-Би-Си, цитиран од БТА. Шефот на администрацијата на регионот Черкаси, Игор Табуретс, пријавил напад што се случил во текот на ноќта, без да прецизира каде точно. Сепак, според Би-би-си, ова се случило во близина на градот Смела. Таму е забележан голем пожар.

Воздухопловна тревога утринава е прогласена ширум Украина.

Лидерите на регионите Хмелницки и Киев известуваат дека воздушната одбрана функционира. Во градот Хмелницки, струјата престана. Експлозии се слушаат во регионот Ривне, каде има проблеми со струјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни