Свет

Нови правила за влез во Австрија: Што значи 2.5 G?

Австрија од понеделник ги заострува правилата за влез во земјата и преминување од 3 Г на правилото 2,5 Г.

Тоа значи дека за влез во државата треба потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид 19, не постар од 180 дена, а доколку некој ги нема овие два документа, тогаш негативен ПЦР тест.

Досега можеше да се влезе во Австрија со негативен антиген тест, а од понеделник ќе важи само ПЦР тестот.

Тестовите за антигени и антитела, освен за граничната работна сила, повеќе нема да бидат прифатени.

Правилото 3G ќе продолжи да важи за прекуграничната работна сила, според новата регулатива што ќе стапи на сила во понеделник.

Но, и за нив се заоструваат мерките, што значи дека ПЦР тестот повеќе нема да важи седум дена, туку 72 часа, а антигенскиот тест наместо 48 часа ќе важи само 24 часа.

Потврдата за вакцинација наместо една година ќе важи само девет месеци од последната доза, но за овој дел од регулативата е предвиден преоден рок до 6 декември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни