Балкан

Нови сознанија за авионската несреќа во Хрватска: Се знае од која националност се патниците и пилотот

Нови сознанија за авионската несреќа во Хрватска: Се знае од која националност се патниците и пилотот

Полицијата соопшти дека пилотот кој денеска се урна во Хрватска е пилот по националност Швајцарец и уште тројца патници, соопшти полицијата врз основа на податоците за најавата за летот од регионалната контрола на летот Сплит.

Станува збор за еден хрватски и двајца германски државјани, пишува Јутарњи лист.

Претходно хрватските медиуми објавија дека во авионот имало тројца Германци и еден Хрват.

Во Брочанац е организиран штаб во кој има припадници на ХГСС, полиција, но и вработени во антитерористичката единица Лучко.

Шефот на ХГСС Јосип Граниќ се обрати на печатот и откри нови детали од потрагата по исчезнатата Чесна.

– На терен се околу 70 припадници на ХГСС и 30-тина припадници на полицијата. Го чешлаат теренот, но тој е огромен, а поројниот дожд и маглата ја отежнуваат работата. Ќе бараме додека не најдеме нешто. Нема да ја прекинеме потрагата ни ноќе. Сега на терен има седум станици на ХГСС, а за утре ќе ги подигнеме сите, односно членови на 20 станици – рече Граниќ, пишува Вечерњи лист .

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни