Балкан

Нови судири во Грција по смртта на млад човек застрелан од полицаец

Нови судири во Грција по смртта на млад човек застрелан од полицаец

Смртта на младиот човек застрелан од полицаец доведе до нови протести и улични судири меѓу Ромите и полицијата во Грција.

Денеска тензијата повторно е висока, а екипите за борба против немири се на готовност.

Полициските сили ширум земјата се во состојба на готовност поради очекуваните нови протести на Ромите во земјата по смртта на 16-годишникот кој беше застрелан од полицаец.

Денеска се очекува одлука на солунскиот суд дали полицаецот ќе биде приведен до почетокот на случајот или ќе остане во домашен притвор.

Властите стравуваат од немири откако вчера групи демонстранти запалија гуми, ја гаѓаа полицијата со камења и ги блокираа патиштата. Тие организираа блокади на улиците, кршеа излози и фрлаа молотови коктели врз органите на прогонот.

Денеска тензијата е повторно многу силна, а пред судот во Солун веќе се собираат демонстранти со плакати „Сакаме правда“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни